Почина писателот и академик Луан Старова
25.02.2022 10:19
Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство....

На 80 годишна возраст вчера почина академик Луан Старова. Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство.
Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи.
За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија и награди.
Академик Луан Старова ќе биде погребан денес на гробиштата во Бутел во 13 часот.
Во чест и сеќавање на академик Луан Старова, Првиот програмски сервис ќе ја емитува документарната емисија „Кодовите на Балканот - Луан Старова“ денеска во 18:15 часот.
