Економија

Народна банка: Индиректни последици од Руско- украинскиот конфликт

28.02.2022 09:53

„Најновите случувања влијаат на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата неизвесност може да ги влоши изгледите за раст на европската и на светската економија“, велат од централната банка.

Седница на Советот на Народна банка за украинската криза. Констатирано дека поради малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и на Украина, не се очекуваат директни, но можни се индиректни последици.

„Најновите случувања влијаат на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата неизвесност може да ги влоши изгледите за раст на европската и на светската економија“, велат од централната банка.

Но, оттаму посочуваат дека девизните резерви се во сигурната зона и обезбедуваат доволна ликвидност на домашната економија и стабилност на денарот.

Руски или украински капитал не е присутен во сопственичката структура на нашите банки, па од тој аспект, нема изложеност врз стабилноста на домашниот банкарски систем.