iPhone- водечки смартфон на македонскиот пазар
04.04.2014 11:23
Уделот на паметни телефони од марката Apple на нашиот пазар во овој период изнесува 45,55%, што е далеку повеќе од второрангираниот бренд Samsung, чиј удел изнесува 16,67%...

Кога станува збор за паметните телефони, Apple со својот iPhone претставува водечки и најпосакуван бренд во овој сегмент на пазарот во Македонија, покажува последото истражување на Click Attack за четвртиот квартал од минатата година, пренесува порталот Економски Лидер.
Уделот на паметни телефони од марката Apple на нашиот пазар во овој период изнесува 45,55%, што е далеку повеќе од второрангираниот бренд Samsung, чиј удел изнесува 16,67%. На третата позиција се наоѓа тајванскиот бренд HTC со удел од 6,07%. Четвртата му припаѓа на Sony, со удел од 5,45%, а LG е на петата со 3,38% удел.
Во извештајот стои дека Apple остнаува водечки бренд на македонскиот пазар, иако неговиот удел е намален под 50%, на 44,68%, за разлика од претходниот квартал кога уделот изнесуваше 52,42%.
На втората позиција кога стнаува збор за одредени модели на смартфони, се наоѓа Samsung Galaxy S3 со удел од 3,85%, а после него веднаш се Samsung Galaxy S3 mini (1,61%) и Samsung Galaxy S2 (1,60%). LG Optimus L3 со 1,43% удел на пазарот се наоѓа на петтата позиција.
Сепак, кога странува збор за оперативните системи, извештајот покажува дека македонците повеќе се навлечени на Android платфомрата на Google, бидејќи 47,26% од смартфоните на пазарот функционираат на овој оперативен систем.
Нормално, поради големата распространетост, 45,23% од смартфоните имаат оперативен систем iOS на Apple. Останатите оперативни системи се минимално опфатени, така Windows phone има 0,29% удел, Symbian- 0,23%, a RIM само 0,09%.
