Свет

Блинкен на средба со министрите за надворешни работи на НАТО поради руската инвазија

04.03.2022 10:20

Блинкен треба да присуствува на специјален самит, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска ќе има средба во Брисел со министрите за надворешни работи на НАТО, во врска со руската инвазија на Украина.

Блинкен треба да присуствува на специјален самит, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Поканети се и министерките за надворешни работи на Велика Британија и Канада.

Потоа, Блинкен ќе патува во источна Европа, за да разговара за инвазијата, со сојузницитe. Планирано е утре тој да биде во Полска, пред да се упати кон Молдавија, а потоа ќе ги посети Литванија, Летонија, Естонија. Патувањето е планирано да заврши до 8-ми март.