Политика

Германија е подготвена да купува гас не само од Русија, туку и од други добавувачи

04.03.2022 10:24

Се подготвивме за набавка на гас од други добавувачи, тоа го направивме и ќе продолжиме да го правиме, рече Шолц.

Германија прави максимални напори да добива гас не само од Русија, туку и од други добавувачи, изјави канцеларот Олаф Шолц за германскиот телевизиски канал ЗДФ.

Бидејќи не сме наивни, од една страна ја воведовме оваа регулатива во врска со санкциите против Русија и суспендирањето на сертификацијата на проектот Северен тек 2, но во исто време однапред се подготвивме за ситуација во која можат да настанат потешкотии, рече тој.

Се подготвивме за набавка на гас од други добавувачи, тоа го направивме и ќе продолжиме да го правиме, рече Шолц.

Тој додаде дека Германија сѐ уште купува гас, јаглен и бензин од Русија. Во врска со гасоводот Северен тек 2, германскиот канцелар рече дека одлуката за суспендирање на сертификацијата е навремена.