Црно бела комбинација

08.03.2022 15:47

Не е потребно многу да се размислува, кога треба облека за некои официјални пригоди. Со децентен накит и шминка, пожелна е и за деловен изглед.

Ненадмината за сите пригоди – црно белата комбинација. Со оваа комбинација речиси никогаш не може да се погреши.

Не е потребно многу да се размислува, кога треба облека за некои официјални пригоди. Со децентен накит и шминка, пожелна е и за деловен изглед.

Со поупадлив накит и појака шминка, лесно може да се трансформира за вечерни излегувања или посвечени настани.

Деталите ќе го одредат изгледот на оваа комбинација,а одлично одговараат црвени детали, обетки, ланче, брош, чанта, колан.

Што се однесува до конкретните парчиња облека, исто така има широки можности.

Може да биде сако со панталони или со здолниште. Со нив може да се носат кошули, ролки, блузи.

Црно белата комбинација убаво изгледа и на фустаните, макар и да има само детали во бела боја.

 

Аида Николовска