Значењето на постот

10.03.2022 10:46

Она што треба да се постигне, не е само воздржување од храна, туку и исчистување и зајакнување на духот и вистинските вредности.

Во тек се Велигденските пости, период кој и претходи на главната прослава во христијанството, Воскресението Христово. Тоа е период на прочистување, размислување и духовност.

Во тоа време верниците се повикани на пост и покајание, како тоа што го направил Исус Христос во пустината, пред неговото распнување.

Целта на Велигденскиот пост е духовно подготвување за примање на Бога во животите и да се размислува за жртвите што Исус Христос ги направил за ослободување на луѓето од гревови.

Она што треба да се постигне, не е само воздржување од храна, туку и исчистување и зајакнување на духот и вистинските вредности.

Па така, по овој период на воздржување и духовен раст, подготвено да се дочека Воскресението Христово.