Свет
Столтенберг: Одговорност на НАТО е да не се прелее конфликтот од Украина во други земји
11.03.2022 19:19
Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, рече Столтенберг во видео обраќањето до полските пратеници и сенатори...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека одговорност на Алијансата е конфликтот од Украина да не се прелее во други земји.
Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, рече Столтенберг во видео обраќањето до полските пратеници и сенатори на свечената седница на двата дома во Варшава на годишнината од членството во НАТО на 12 март 1999 година.
Полскиот парламент денеска усвои декларација за поддршка на политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја суверена земја да одлучува за својата иднина, отфрлајќи ги обидите за повторно создавање сфери на влијание во Европа.
