Регион

Дронот кој падна во Загреб носел експлозив

13.03.2022 14:17

Дронот е од советско производство, во Хрватска долетал преку Романија и Унгарија...

Дронот кој падна во Загреб пред три дена е изваден од земја, а официјалните хрватски институции соопштија дека носел експлозив кој бил активиран.

„Леталото не било извидничко, туку носело бомба која експлодирала. Деталите ќе бидат утврдени во истрагата која е во тек, а најдена е и црната кутија од дронот којашто треба да помогне“, изјави Марио Баножиќ, министер за одбрана на Хрватска.

Дронот е од советско производство, во Хрватска долетал преку Романија и Унгарија, а засега нема информација која страна во војната во Украина го активирала.