Претераното седење негативно влијае на нашето здравје

13.03.2022 16:41

Седењето можеби и попроблематично е и кај децата и младите. Седење на училиште, факултет, во читална, дома пред компјутер итн. Луѓето го поминуваат речиси половина од денот во седење.

Седењето на работните места е со часови, односно се станува само кога е неопходно, да се отиде до тоалет, пауза за кафе или храна и толку. Останатиот дел од денот се поминува на столчето.

Седењето можеби и попроблематично е и кај децата и младите. Седење на училиште, факултет, во читална, дома пред компјутер итн. Луѓето го поминуваат речиси половина од денот во седење.

Модерниот начин на живот подразбира сé помалку движење, сé помала употреба на мускулатурата. Човекот никогаш претходно не седел толку колку што седи во последниве неколку децении. Огромниот дел од работните места се во канцелариски услови, пред компјутер, во седечка положба, но се седи и при гледање телевизија, патувања, социјализирање, возење итн. Во изминатиот период на пандемијата со коронавирусот, голем дел од луѓето почнаа да работат и од дома, а и движењето беше ограничено. Значи седењето стана уште позастапено.

Физичката активност не подразбира само поинтензивни активности. Самото стоење или одење исто така е физичка активност за која е потребно одредени количество енергија.

Седечкиот начин на живот, на долг рок води кон гојазност, која пак потоа е може да ни создаде и поголеми проблеми од кои и здравствени проблеми.

Истражувањата покажуваат дека дури и минимална, лесна физичка активност од 10-тина минути може да направи значајна разлика како на пример: одберете скали наместо лифт, станувајте на секој половина час или 1 час, одете на работа или во училиште пеш или пак со велосипед.