Пендаровски во Охрид повтори дека треба да има консензус за името
Кандидатот за председател на Социјал демократскиот сојуз, Стево Пендаровски одржа митинг во Охрид...
Кандидатот за председател на Социјал демократскиот сојуз, Стево Пендаровски одржа митинг во Охрид, се осврна на трите точки од неговата програма: економија, демографија, демократија. И пред граѓаните на Охрид повтори дека треба да има консезус за името и дека досега тој никогаш не преговарал и неможе да биде ниту тврд ниту флексибилен по тоа прашање, тврди дека за сите прашања тој има став, иако некој од нив не спаѓаат во ингеренции на председателот, рече дека неговиот концепт кој го нуди не е да сме сите едно, како во комунизмот туку да се сложат барем по неколку битни прашања. Пендаровски пред охриѓани рече дека нема трема кога зборува во јавност бидејќи таква му е професијата, но овојпат ситацијата е поинаква зашто зборува во градот од кој доаѓаат многу духовни великани.