Свет
Северна Кореја повторно лансираше проектил
16.03.2022 09:20
Индо-пацифичката команда на американската војска го осуди лансирањето и го повика Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки акти..

„Северна Кореја истрела неидентификуван проектил кој експлодираше во воздух веднаш по неуспешното лансирање“, соопшти војската на Јужна Кореја.
Анонимен извор тврди дека се работи за потенцијална балистичка ракета. Индо-пацифичката команда на американската војска го осуди лансирањето и го повика Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки акти.
Од аеродромот Сунан беа спроведени неколку неодамнешни лансирања, вклучително и на 27-ми февруари и на 5-ти март.
