Свет

Борис Џонсон во посета на Саудиска Арабија

16.03.2022 09:24

Џонсон се соочи со лавина критики поради посетата на Ријад чијашто влада во саботата нареди егзекуција на 81 лице во еден ден..

Британскиот премиер Борис Џонсон во посета на Саудиска Арабија. Меѓу темите на средбата со тамошните лидери е и енергетската криза.

Џонсон се соочи со лавина критики поради посетата на Ријад чијашто влада во саботата нареди егзекуција на 81 лице во еден ден.

Џонсон им одговори на британските пратеници – ако Западот сака да запре уцената од Русија, тој мора да се ослободи од нејзините енергенси и да истражува нови партнерства.