Нов Зеланд постепено ги отвара границите за туристи
Првин ќе биде дозволен влез за австралиските туристи, а од 1-ви мај и за туристите од земјите на кои не им се потребни визи, вклучувајќи ги Германија, САД и Велика Британија..

Нов Зеланд ќе ги отвори постепено границите за туристи, почнувајќи од 12 април. Првин ќе биде дозволен влез за австралиските туристи, а од 1-ви мај и за туристите од земјите на кои не им се потребни визи, вклучувајќи ги Германија, САД и Велика Британија.
Посетителите ќе треба да се вакцинираат и да имаат негативен тест. Нема да треба да се изолираат по пристигнувањето, но ќе мора да направат уште два теста на Ковид-19 за време на нивниот престој.
Поширокото отворање најверојатно ќе биде одложено до октомври. СЗО предупреди дека повторно расте бројот на заразени со Ковид-19. Во светот од Ковид-19 починале над 6 милиони лица.
