Вонреден НАТО состанок за идните чекори на Алијансата во руско-украинската војна
Во Брисел, вонреден состанок на министрите за одбрана. Разгледаа конкретни мерки за зајакнување на безбедноста на сојузниците. НАТО предвидува зголемен број воздушни и поморски сили, зајакната воздушна, ракетна и сајбер одбрана и повеќе вежби.

Министрите за одбрана на НАТО на вонредниот состанок во Брисел разгледаа конкретни мерки за зајакнување на безбедноста на сојузниците на подолг рок со повеќе сили во источниот дел од Алијансата. Нато предвидува зголемен број воздушни и поморски сили, зајакната воздушна, ракетна и сајбер одбрана и повеќе и поголеми вежби.
„НАТО сојузниците и партнерите применуваат санкции за Русија и сме обединети во нашата поддршка на Украина. По почетокот на руската инвазија значително ја зголемивме воената, хуманитарната и финансиската помош и даваме засолниште на милиони бегалци“, изјави генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Стотици илјади НАТО сили, меѓу нив и сто илјади американски војници во Европа и околу 40 илјади сили под директна команда на НАТО главно во источното крило на Алијансата, испраќа јасна порака дека напад врз една членка ќе биде напад врз сите сојузници.
„Нашето присуство овде испраќа сигнал до светот дека ние сме остануваме обединети во нашата поддршка на Украина и дека ја осудуваме руската неиспровизирана и неоправдана инвазија. Веруваме дека нашата посветеност на НАТО и членот 5 е цврста и може да очекувате како што кажа и претседателот во повеќе наврати дека ќе ја почитуваме таа обврска“, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Македонската министерка за одбрана Петровска на состанокот со поддршка на Украина, заштита на членките и зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО. И покрај скандирањата „заштитете го небото над Украина“ пред седиштето на НАТО за воведување зона за забранети летови над Украина, што има поддршка и од неколку земји членки, сепак сојузниците сметаат дека не е време за тоа, туку е потребно мирно решение.
„Продолжуваме да доставуваме оружје во Украина од многу различни правци и таа доаѓа до првата линија“, изјави државниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство Бен Валас.
Сојузниците разгледаа предлози за воведување зона за забранети летови и испраќање мировна мисија во Украина, но одлуката ќе ја остават на лидерите од земјите членки на вонредниот самит идната недела.
Ирина Гелевска
