Македонец во големо истражување за нано-материјалите
05.04.2014 15:39
Значењето на ова истражување е во тоа што ова е прв поголем организиран напор на национално ниво да се спознае како нано-материјалите се однесуваат во животната средина и кои се потенцијалните ризици кои произлегуваат од нив, и тоа од моментот на нивното создавање и вградување во производите за широка потрошувачка, до моментот кога тие производи завршуваат како отпад, вели др. Христовски, професор од одделот за инженерство на Колеџот за техонологија и иновации на Државниот универзитет во Аризона.

Македонскиот научник од државниот универзитет на Аризона, професор Кирил Христовски, ќе биде дел од тимот кој ќе го води новото, големо истражување за однесувањето на нано-материјалите и евентуалните последици по животната средина од нивната употреба.
Државниот универзитет од Аризона, од Темпи, ќе го предводи истражувањето, во соработка со универзитетите Џонс Хопкинс, Дјук, Карнеги Мелон, Пердју, Јеил и други, пренесува МИА.
Значењето на ова истражување е во тоа што ова е прв поголем организиран напор на национално ниво да се спознае како нано-материјалите се однесуваат во животната средина и кои се потенцијалните ризици кои произлегуваат од нив, и тоа од моментот на нивното создавање и вградување во производите за широка потрошувачка, до моментот кога тие производи завршуваат како отпад, вели др. Христовски, професор од одделот за инженерство на Колеџот за техонологија и иновации на Државниот универзитет во Аризона.
Се работи за материјали со големина од 1 до 100 нанометри и се помали од вирусите. Нивната големина и специфични каракетеристики овозможуваат потенцијална примена насекаде, од медицината, храната, и козметиката, до електрониката, енергијата, текстилот, и заштитата на животната средина.
Со оглед дека станува збор за релативно нова технологија, многу малку се за ризиците и поседиците од употребата и испуштањето на овие материјали во животната средина. Целта на истражувањето ќе биде да се создадат фундаментални теории на молекуларно ниво кои ќе бидат преточени во препораки за производство, дизајнирање и употреба на нано-материјалите, за тие да имаат најголема можна примена, но во исто време да бидат и безбедни за околината.
Според целта на истражувањето на кое ќе работи и професорот Христовски, неопходно е да се испитаат и предвидат можните негативни последици од употребата и комерцијализацијата на нано-материјалите за да овие сознанија бидат вклучени и во развојот на идната американска законска регулатива од областа на нанотехнологијата. Истражувањето е финансирано од американската агенција за заштита на животната средина (УС ЕПА) и се очекува трае четири години.
