Јавен повик
20.11.2013 14:15
Почитувани,
Македонската Радио Телевизија ги повикува сите продуцентски куќи и поединци, граѓани на Р. Македонија, со своите креативни идеи, решенија и размислувања да аплицираат на повикот за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти од повеќе области:
- Анимирана детска програма
- Играна детска програма
- Детска шоу програма
- Документарна програма
- Играна програма
- Образовни програма
- Забавна програма
- Спортска програма
Сите заинтересирани апликанти со свои идеи и предлози можат да аплицираат на следнава e-mail адреса: [email protected]. Јавниот Сервис МРТ, работи во служба на граѓаните на Р. Македонија, со цел промоција на вредностите од сите сегменти на нашето опшество. Со Ваша помош да придонесеме за подобра и поквалитетна програма на МРТ.
Со Почит,
Македонска Радио Телевизија
