Зошто е потребно да пиеме јогурт?

23.03.2022 16:36

Покрај специфичниот, уникатен вкус, јогуртот го освојува пазарот и со својата нутритивност, а во летните жешки денови со својот потенцијал да освежува. Jогуртот се дефинира како млечен производ добиен со ферментација на млекото со специфични микроорганизми, што се одржливи, активни и ги има во изобилие во самиот продукт.

Јогуртот е помеѓу најпопуларните пијалаци во нашиот регион, но и во светски рамки и тоа не е случајно. Покрај специфичниот, уникатен вкус, јогуртот го освојува пазарот и со својата нутритивност, а во летните жешки денови со својот потенцијал да освежува. Jогуртот се дефинира како млечен производ добиен со ферментација на млекото со специфични микроорганизми, што се одржливи, активни и ги има во изобилие во самиот продукт.

Нутритивната или хранливата вредност на јогуртот зависи од составот на млекото од кое се добива. Финалниот состав на јогуртот е главно  определен од неколку фактори: Изворот и типот на млекото што се користи, концентрацијата на маснотии, времетраењето и темературата на процесот ферментација и намирниците што можат да бидат додадени на финалниот продукт, како шеќер и овошки.

Јогуртот има корисни ефекти како на пример:

•             Подобар имунетет - Нашата бактериска микрофлора има значителен импакт врз имунитетот. Заради својот пробиотички состав ферментираната храна може да го помогне правилното функционирање на имуниот одговор и со тоа да го намали ризикот од повеќето инфекции.

•             Подобро дигестивно здравје

•             Превенција од остеопороза

•             Намален ризик од висок крвен притисок

•             Помош при слабеење