Конзумирање на спанаќ

23.03.2022 17:39

При купување на спанаќ внимавајте листовите да бидат зелени и свежи, а рачките да бидат крцкави. Младиот спанаќ најчесто има по еден лист, светлозелена боја и мазна површина. Стариот спанаќ на една рачка има повеќе листови, темнозелена боја и нерамна површина.

Спанаќот е едногодишно растение со темнозелени листови и е храна богата со железо, која не штити од анемија. Спанаќот е производ богат со вода, има ниска енергетска вредност и е лесно сварлив. Листовите на спанаќот имаат изразено зелена боја која им дава големо количество на хлорофил. Минералите кои ги содржи спанаќот поволно влијаат врз организмот. Така на пример, магнезиумот е неопходен за работата на мускулите и срцето, калиумот го подобрува исфрлувањето на водата од организмот, а со тоа ја олеснува работата на бубрезите и срцето и го намалува крвниот притисок. Фолната киселина што ја содржи спанаќот има значајна улога во создавањето на црвените крвни зрнца.

При купување на спанаќ внимавајте листовите да бидат зелени и свежи, а рачките да бидат крцкави. Младиот спанаќ најчесто има по еден лист, светлозелена боја и мазна површина. Стариот спанаќ на една рачка има повеќе листови, темнозелена боја и нерамна површина.

Спанаќот секогаш подготвувајте го непосредно пред конзумирање, бидејќи еднаш термички обработениот спанаќ не смее повторно да се подгрева (поради создавање нитрити кои со делувањето на бактериите во дебелото црево се претвораат во нитрозамини кои делуваат канцерогено.

Спанаќот содржи и материи кои се непожелни за исхраната на човекот, каква што е оксалната киселини, која може да има штетно влијание врз бубрезите и црниот дроб. Затоа спанаќот не им се препорачува на луѓе со заболувања на бубрезите, жолчката и мочните патишта.
За да се намали штетноста на оваа киселини, спанаќот треба да се конзумира без дршките бидејќи таму е најмногу концентрирана. Исто така треба да се внесува со храна која содржи многу калциум како млечните производи како јогурт, млеко, урда и сирење.