Свет

На денешен ден НАТО почна со бомбардирање на Србија и Црна Гора

24.03.2022 14:49

На 24 март во 1999 година стартуваше операцијата под кодно име „Милосрден ангел“ која траеше 78 дена...

23 години од бомбардирањата на НАТО врз Србија и Црна Гора. На 24 март во 1999 година стартуваше операцијата под кодно име „Милосрден ангел“ која траеше 78 дена.

Во нападите загинаа над 2.500 цивили и 1.000 полицајци. Како повод за воената интервенција, која не беше одобрена од Советот за безбедност на ОН, беше наведен прогонот на Албанците на Косово.

Воените дејствија завршија со потпишувањето на мировниот договор во Куманово. Од Косово си заминаа припадниците на југословенска војска и српската полиција, по што безбедноста ја гарантираа припадниците на КФОР.