Свет

Лајен: Брисел денеска е центарот на слободниот свет

24.03.2022 18:53

Нашите врски се посилни од кога било. Одлучивме да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, да ги заостриме санкциите против Русија и да се ослободиме од руските фосилни горива, рече фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека со денешното присуство на лидерите на ЕУ, САД, Велика Британија и Канада, Брисел стана „центарот на слободниот свет“.

Нашите врски се посилни од кога било. Одлучивме да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, да ги заостриме санкциите против Русија и да се ослободиме од руските фосилни горива, рече фон дер Лајен.

Доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ, а по самитот на НАТО и Г7, таа кажа дека утре со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го претстави новото поглавје од меѓусебното енергетско партнерство и најави дека дополнителни количества течен природен гас ќе пристигне во Европа од САД, во замена за тој од Русија.