Сончев витамин

25.03.2022 15:24

Некои од корисните работи што ни ги носи силната сончева светлина се подобрување на расположението, третирањето на кратковидоста кај децата.

На телото му треба сончева светлина за да произведе витамин Д синтетизирајќи го во кожата. Овој витамин е неопходен за раст и заштита на забите и коските и за силен имун систем. А го добиваме бесплатно. Телото  подобро го искористува витамин Д кој е добиен од сонцето отколку тој добиен од храната. Ако има недостаток на витамин Д телото не може да го апсорбира калциумот. Затоа коските стануваат слаби и лесно кршливи. На децата и на возрасните им е потребна дневната светлина. Силната светлина ги подобрува расположението и концентрацијата. Силната сончева светлина може да помогне при превенција од болести, нарушување на спиењето и кратковидост, која стана честа појава меѓу децата.

Некои од корисните работи што ни ги носи силната сончева светлина се подобрување на расположението, третирањето на кратковидоста кај децата.

Кога се зборува за изложувањето на децата на силната сончева светлина, тука се мисли на секојдневна игра во парк и престој на отворено во текот на целата година, а не престој на силно сонце во текот на летото.

Веројатно и самите имате забележано дека во текот на летните и пролетните месеци се чувствувате полни со енергија, па дури и расположението ви е подобро а додека во студените месеци речиси сите сме летаргични.
Една од главните биолошки функции со кои управува светлината е сонот. Таа му покажува на мозокот кога организмот треба да остане буден. Кога почнува да паѓа ноќ, во телото почнува да се лачи мелатонин, хормон што ни помага да заспиеме.

Претераното потење на челото, особено доколку не вежбате или работите друга физичка работа, е еден од универзалните знаци дека не внесувате доволно витамин Д. Доколку вашето чело има малку дополнителен сјај, можеби е време да го прашате вашиот лекар за проверка на крвта и недостаток на витамин Д. Дури и умерено ниското ниво на витамин Д може да биде поврзано со изненадувачки број здраствени проблеми вклучувајќи дијабетес, остеоартритис и карцином.