Продолжуваат предизборните кампањи на политичките партии

06.04.2014 10:33

Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската кампања и воедно кампањата за предвремените парламентарни избори...

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ централни митинзи   ќе одржи во Гостивар и во Тетово, а претходно ќе имаат средби со граѓани во Желино, Боговиње и помал митинг во Теарце.
 
СДСМ на митинг во центарот на Скопје ќе ги промовира кандидатите за пратеници  и коалициските партнери.
 
Партијата ГРОМ ќе има митинг во Богданци и средби со граѓани во Гевгелија, Нов Дојран  и Стар Дојран.
 
Демократската партија на Албанците ќе има митинг во општина Теарце.
 
На нивните митинзи ќе се обратат и кандидатите за претседател на Република Македонија - Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Зоран Поповски и Илјаз Халими.
 
Конвенција и промоција на кандидатите за пратеници ќе имаат и  Националната демократска преродба (НДП) - во Куманово и ВМРО-Народна партија - во Охрид.