Бесплатно телефонирајте и со Facebook Messenger
06.04.2014 11:59
Компанијата го воведе овој новитет кој им дава опција да користат бесплатни повици со своите Facebook пријатели преку Messenger...

Корисниците на Facebook доколку имаат бежична конекција можат да ги повикуваат своите пријатели бесплатно, опција слична на повиците кои веќе се стандард во апликации, како на пример Viber и WeChat.
Откако Facebook го купи WhatsApp, не беше познато некои што ќе се случи со нивната постоечка апликација за пораки.
Компанијата го воведе овој новитет кој им дава опција да користат бесплатни повици со своите Facebook пријатели преку Messenger.
Сега кога ќе ги погледнете вашите контакти, во рамките на Messenger, меѓу останатите икони се појавува и икона на телефон, покрај секое име.
Кликнете на иконата и започнете разговор. Двата корисници требаат да имаат wi-fi конекција за да можат да го остварат повикот.
