Абрамович и украински преговарачи со симптоми кои укажуваат на можно труење
По состанокот во украинскиот главен град, Абрамович, кој патуваше до Москва, Лавов и другите места за преговори, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот тим, развија симптоми кои вклучуваат црвени очи, постојано и болно солзење и лупење кожа на лицата и рацете, изјавија лица кои се запознати со настаните.

Рускиот олигарх Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаа симптоми што укажуваат на можно труење по состанокот во Киев претходно овој месец, јави „Волстрит Џурнал“, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.
По состанокот во украинскиот главен град, Абрамович, кој патуваше до Москва, Лавов и другите места за преговори, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот тим, развија симптоми кои вклучуваат црвени очи, постојано и болно солзење и лупење кожа на лицата и рацете, изјавија лица кои се запознати со настаните.
Тие за осомничениот напад ги обвинија тврдокорните во Москва за кои рекоа дека сакале да ги саботираат разговорите за ставање крај на војната. Лице блиско до Абрамович рече дека не е јасно кој ја таргетирал групата, посочува весникот.
Абрамович и украинските преговарачи, меѓу кои е и пратеникот Рустем Умеров, оттогаш се подобро и нивните животи не се во опасност.
