Свет

Брисел: Постепено укинување на зависноста од руските фосилни горива до 2027-ма

28.03.2022 19:36

Европската влада настојува според планот на Брисел и Вашингтон преку новиот алтернативни план за снабдување со течен гас да го реши проблемот со зависноста од руски гас. Препорача на земјите-членки да купуваат преку заедничка набавка и да воведат обврска складиштата за гас да бидат исполнети најмалку 80 насто пред следната зима, а 90 проценти за следната година…

Глобалните и европските енергетски пазари минуваат низ турбулентни времиња, особено по руската инвазија на Украина. Досега околу 40 насто од гасот Унијата го увезуваше од Русија. Но, откако се промени пазарот за енергенси, Брисел ќе го спроведе алтернативниот план за постепено укинување на зависноста од руските фосилни горива до 2027-ма.

„Посилни сме кога го користиме она што го нуди нашиот единствен пазар и ако покажеме солидарност, можеме да работиме заедно, првенствено во областа на високите и флуктуирачки нестабилни цени на бензинот“, изјави претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен.

Во меѓувреме Кремљ најави дека и тие ја разгледуваат можноста како со рубљи да се наплаќа за гасот на европејците.

„Сега се разгледуваат сите модалитети. Сигурно е дека нема да доставуваме гас бесплатно. Москва ќе почне да продава нафта во Југоисточна Азија доколку Европа одбие да купи руски суровини“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Унијата и нејзините членки работат на изнаоѓање начин за брзо ограничување на растечките сметки за енергија и изнаоѓање алтернатива во случај на прекин на испораките на гас и нафта од Русија.

Во повеќе европски земји поради високите цени на енергенсите се организираат протести, шпанските камионџии побараа владата да донесе итни мерки за заштита.

„Овие цени што се регулирани врз основа на правилата на Европската унија ќе мора да се променат бидејќи очигледно се погрешни“, изјави Хозе Иварез член ан УГТ синдикатот.

Шпанската влада за да го намали ударот на цените донесе план од 16 милијарди евра помош за бизнисите и домаќинствата.

„Владата сака да ги намали бензините и дизелот за сите потрошувачи за 20 евроценти по литар. Државата би ги презела 15-те центи од тоа намалување, а нафтените компании пет центи“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез.

Според првичниот план, мерките ќе бидат на сила до 30-ти јуни.

Мирјана Василева