Украина
Руските сили го презедоа Мариупол
28.03.2022 20:06
Околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации.

По неколкунеделната опсада, Мариупол е во рацете на руските сили, соопшти денес градоначалникот Вадим Бојченко. Не е сè во наша моќ. За жал, денес сме во рацете на окупаторите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе „Си-ен-ен“.
Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина.
Околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации.
Медиумите пренесуваат дека не е познато дали сè уште има борби во градот.
