Србија
Рударска несреќа во Србија
01.04.2022 09:34
Во тек е спасувачка операција, а досега се извлечени десет рудари...

Утрово околу 5 часот се случила рударска несреќа во Србија. Неофицијално, има осум загинати рудари, а се стравува дека бројот може да се зголеми.
Од експлозија на метан во рудникот „Соко“ во Сокобања, дваесетина рудари останале заробени во окното. На смена во моментот на експлозијата биле 60 рудари.
Во тек е спасувачка операција, а досега се извлечени десет рудари. Од брзата помош во Алексинац за српските медиуми потврдиле дека испратиле четири екипи за да им помогнат на повредените.
