Свет

113 милиони евра хуманитарна помош за Авганистанците

01.04.2022 11:36

Средствата се наменети за медицинска нега, исхрана, образование, засолниште и заштита на цивилите...

Европската комисија со нови 113 милиони евра хуманитарна помош за Авганистанците, вклучително и раселените лица.

Заложбата во име на Европската комисија ја даде комесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич за време на конференцијата за Авганистан.

Средствата се наменети за медицинска нега, исхрана, образование, засолниште и заштита на цивилите. Од овие 113 милиони евра 18 милиони одат за Пакистан и Иран кои примаат бегалци од Авганистан.