Ковид-19
Шангај под строги ковид-мерки
01.04.2022 11:43
Поради политиката на нулта ковид економистите прогнозираат дека најтешкото допрва доаѓа, бидејќи производството во фабриките е намалено...

Продолжуваат строгите ковид-мерки во Шангај еден од кинеските финансиски центри. Поради политиката на нулта ковид економистите прогнозираат дека најтешкото допрва доаѓа, бидејќи производството во фабриките е намалено.
Некои жители на Шангај веќе во 10 дневна изолација во своите домови, поради што кинеската строга политика влијае врз производството во земјата.
Денеска источниот дел на Шангај требаше да излезе од локдаун, но затворањето се продолжува до полноќ, а западниот дел на градот и натаму останува под локдаун. Под строги ковид-мерки се 26 милиони жители.
