Се ближи феноменот „Крвава Месечина“

07.04.2014 11:35

Додека астрономите се радуваат на оваа ретка глетка, дел од христијаните веруваат дека оваа серија на т.н.”крвава Месечина”, всушност е најава за библиското пророштво за крајот на светот.
Целосното помрачување на Месечината, кое ќе се случи на 15 април, ќе го означи и почетокот на тетрадата. Станува збор за ретка појава на четири лунарни еклипси во следните две години.
 
Лунарните еклипси настануваат кога Сонцето, Земјата и Месечината “се израмнуваат”, така што сенката на Земјата паѓа врз Месечината и ја помрачува.
 
Според објаснувањата на астрономите, црвената боја кај т.н.”Крвава Месечина” е последица на прекршувањето на сончевите зраци низ Земјината атмосфера.
 
-Станува збор за истиот ефект кој се забележува кога Сонцето поприма црвенкасто-портокалова боја во текот на неговото заоѓање, само во овој случај, прекршувањето на сончевата светлина се отсликува на Месечината, објаснува астрономот Џералд Мекиген од Вселенскиот центар “Chabot”, а неговата изјава ја пренесува магазинот “USA Today”.
 
Мекиген додава и дека во текот на еклипсата, планетата Марс ќе биде јасно видлива за луѓето од Земјата.
 
Додека астрономите со нетрпение го очекуваат овој настан, кој ќе биде видлив ширум Северна Америка, но и на Нов Зеланд и Пацификот.
 
Првата еклписа започнува на 15 април, додека останатите три необични изданија на Месечината ќе следат на 8 октомври оваа година, па потоа на 8 април и 28 септември во 2015 година.