Aндреа: Eрусалим е срцето на Израел, а Тел Авив е крвта
Во земјата која живее за Евровизија, Израел, Андреа настапи во Менора Мивтахим Арената на чијашто сцена застанале светски музички имиња како Скорпионс, Род Стујарт, Синди Лопер, Алиша Кис, Шон Пол, Хулио и Енрике Иглесијас и многу други. Во салата со концертен капацитет од повеќе од 5.000 гледачи, Андреа самоуверено ја изведе Circles во живо за евровизиските фанови кои несебично аплаудираа уште по првиот рефрен.

Нашата евровизиска претставничка Андреа ја освојува Европа. Во последните седум дена настапи на двете најголеми предевровизиски забави, Лондонската, но и Israel Calling во Тел Авив, а и претстои и настап на официјалната евровизиска забава во Мадрид, Шпанија.
Публиката во Лондон и Тел Авив одлично ја прифати, што се гледа и по бројните комплименти за нејзината вокална изведба на онлајн платформите каде што се поставени нејзините изведби во живо.
„Премногу сум изненадена од позитивната енергија и големата дружба меѓу изведувачите овде. Посакувам еден ден сите да можете да доживеете една ваква авантура како оваа нашата.“ - возбудено изјави Андреа од Тел Авив.
Во земјата која живее за Евровизија, Израел, Андреа настапи во Менора Мивтахим Арената на чијашто сцена застанале светски музички имиња како Скорпионс, Род Стујарт, Синди Лопер, Алиша Кис, Шон Пол, Хулио и Енрике Иглесијас и многу други. Во салата со концертен капацитет од повеќе од 5.000 гледачи, Андреа самоуверено ја изведе Circles во живо за евровизиските фанови кои несебично аплаудираа уште по првиот рефрен.
Настапот можете да го погледнете на следниот линк.
Во склоп на настанот Israel Calling беше организирана и посета на стариот град Ерусалим.
„Овде велат дека Ерусалим е срцето на Израел, а Тел Авив е крвта“ – со восхит истакна Андреа.
Пред заминувањето за Торино, Италија во мај, Андреа ќе учествува и на предевровизискиот настан во Мадрид, Шпанија. Истиот ќе се одржи следниот викенд, на 15-ти и 16-ти април, со два големи концерти во Сала Ла Ривиера.
