Војна

Зеленски: Руската агресија е закана за цела Европа

10.04.2022 11:08

Уште еднаш го повика западот да воведе целосно ембарго на руските енергетски извори, и да и испорача повеќе оружје на Украина.

Украинскиот претседател, Зеленски изјави дека руската агресија е закана за цела европа. Уште еднаш го повика западот да воведе целосно ембарго на руските енергетски извори, и да и испорача повеќе оружје на Украина.

Ова ќе биде тешка битка, но ние веруваме во нашата победа. Подготвени сме во исто време да се бориме и да бараме дипломатски начини, што ќе стават крај на оваа војна, рече Зеленски.