Половина век од првиот процесор на АЈ-БИ-ЕМ
Првиот компјутерски процесор на АЈ-БИ-ЕМ беше создаден на 7-ми април 1964 година. Ова претставуваше пресврт во општата употреба на компјутерите, систем којшто и денеска е во сеопфатна употреба.

Бери Хептонстал, гласноговорникот на компанијата вели: „ Не сум сигурен дека човештвото е воопшто свесно дека секој ден е во интерактивна врска со овој оперативен систем“. Тој дополнува дека процесорот е вклучен и во такви информациски мрежи во модерниот свет како што се, на пример резервацијата на авионските билети, банкоматите или при плаќањата со кредитни карттички. Но, и во микросистемите на банките кои се однесуваат на малите трансакции, вели тој.
Во компанијата Мет Офис, специјализирана за метеопрогнози, велат дека ги користат овие процесори веќе 4 децении. „Овие процесори се од исклучителна важност за нас“ потврди Чарли Ивен, шеф на одделот за јавност на компанијата. Сепак тој смета дека набрзо веќе нема да се користат бидејќи се робусни и нивното одржување ја надминува употребната вредност. Секако, процесорите на АЈ-БИ-ЕМ Систем 360 се сеуште успешни во создавањето 4 милиони прогнози дневно, потврдуваат во Мет Офис.
Во американскиот Музеј за компјутерство го објаснуваат потеклото на зборот процесор, воведен од гигантот АЈ-БИ-ЕМ. Корените на терминот лежат во зборот „осцилоскоп“, којшто ја процесуира основната рамка (main frame) за софтвер додатоци и прикачувања. Терминот произлегува од зборот main frame, име на дел од телефонскиот апарат во кој влегувале телефонските жици. „Затоа е избрано толку лесно име“ –вели Кевин Марел, соосновач на Националниот музеј.
И по педесет години процесоротнаоѓа примена во светското информатичко глобално село. Овие робусни машини се и денес наследство кое се гледа на модерните тастатури. Копчето„излези“(escape)е задржано и денеска, а припаѓа на времето на ова колосално компјутерство. Сепак, софтвер инженерите не мислат дека овие процесори воопшто некогаш ќе бидат употребени во системот Виндоус (Windows).
Зоран Богатинов
