Здравје

Совети за подобар имунитет

14.04.2022 09:47

Позната е важноста на правилната и избалансирана исхрана, со која се обезбедуваат потребните состојки. Сонот е неопходен за добро здравје, па потребно е да се обезбеди доволно време за спиење.

Во време на вируси и настинки, многу е важно да се има добар имунитет. Тој зависи од организам до организам, но секако има работи кои помагаат, а кои може да се направат.

Позната е важноста на правилната и избалансирана исхрана, со која се обезбедуваат потребните состојки. Сонот е неопходен за добро здравје, па потребно е да се обезбеди доволно време за спиење.

Колку што е возможно треба да одбегнува стресот. Корисни се престојот и прошетките во природа. Со нив се внесува свеж воздух, а се намалува и стресот.

Природата, помага за закрепнување и регенерирање на целиот организам. Затворените протсории, се препорачува да се проветруваат повремено и покрај студеното време.

И секако, битно е да се оддржува хигиена на рацете и тие често да се мијат со соодветни средства.

 

Аида Николовска