Кина ја повика Јапонија да ја отстрани нуклеарно загадената вода од Фукушима
Токио бара соодветен план за справување со опасниот отпад и да се консултираат соседните земји и Меѓународните организации...

Кина ја повика Јапонија одговорно да ја отстрани нуклеарно загадената вода од Фукушима. Токио бара соодветен план за справување со опасниот отпад и да се консултираат соседните земји и Меѓународните организации.
„Сериозно сме загрижени и сме против едностраната одлука на јапонската Влада да ја испушти нуклеарната контаминирана вода од Фукушима во морето. Тоа е потенцијална штета за морската средина, безбедноста на храната и здравјето на луѓето, што не може да се игнорира“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Жао Лиџијан.
Јапонија лани објави дека ќе испушти 1,25 милиони тони отпадна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот океан. Една година подоцна, јапонската Влада продолжува со планот.
