Свет

Маск нуди 41,39 милијарди долари за „Твитер“

14.04.2022 19:36

Илон Маск достави понуда за купување на сите акции на „Твитер“. Тој нуди 41,39 милијарди долари за 100 проценти акции на социјалната мрежа.

Милијардерот и сопственик на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск достави понуда за купување на сите акции на „Твитер“. Тој нуди 41,39 милијарди долари за 100 проценти акции на социјалната мрежа.

„Твитер треба да се трансформира во приватна компанија. Како резултат на тоа, сакам да купам сто проценти од акциите на Твитер за 54,20 долари по акција во готовина … Мојата понуда е најдобра и тоа е последна понуда, а доколку не биде прифатена, ќе треба да ја преиспитам мојата позиција како акционер“, изјави Маск.

Тој како финансиски советник ја ангажира банката „Морган Стенли“. Инаку, Маск на 1-ви април стана сопственик на околу девет отсто од акциите на „Твитер“.