Регион

Во Србија денеска повторно се гласа на 93 избирачки места

16.04.2022 14:18

Во Србија повторени избори на 54 изборни места за избор на пратеници и на 35 изборни места за избор на Претседател на Републиката. Гласачките места се отворени од 7 до 20 часот...

Во Србија повторени избори на 54 изборни места за избор на пратеници и на 35 изборни места за избор на Претседател на Републиката. Гласачките места се отворени од 7 до 20 часот.

Според одлуките на Републичката изборна комисија, поради нерегуларности на овие избирачки места, изборите повторно ќе се одржат на национално и парламентарно ниво, додека Градската изборна комисија во Белград одлучи да се повтори гласањето за Собранието на град Белград.