Потона товарен брод
Бродот e изграден во 1977 година и пловел под знамето на екваторијална Гвинеја, испловил од египетското пристаниште Дамиета за Малта. На околу седум километри од Габешкиот залив, водата почнала да навлегува во бродот, а машинската соба набрзо била поплавена бидејќи нивото на водата достигнало два метра...

Товарен брод со 750 тони дизел на пат од Египет кон Малта потонал кај југоисточниот брег на Тунис. Засега нема истекување гориво.
Бродот e изграден во 1977 година и пловел под знамето на екваторијална Гвинеја, испловил од египетското пристаниште Дамиета за Малта. На околу седум километри од Габешкиот залив, водата почнала да навлегува во бродот, а машинската соба набрзо била поплавена бидејќи нивото на водата достигнало два метра.
Туниските власти евакуирале седум членови на екипажот.
