Здравје

Ефикасно трошење на калории

19.04.2022 13:13

Колку подолго време вежбате толку повеќе се зголемува процентот на мускулна маса што го имате, а со тоа и се забрзува метаболизмот. Многу истражувања покажуваат дека тренингот рано наутро има најголеми ефекти за телото. Доколку вежбате на празен желудник во утринските часови, можете да согорите до 20% повеќе масти. Телото наутро ги користи мастите како извор на енергија, што ви дава можност полесно да се ослободите од нив...

Телото е многу паметна машина, па доколку постојано вежбате, тоа се учи на физичката активност и не ја третира како физички стрес и затоа на самиот старт од вежбањето најверојатно ќе имате брзи резултати, а потоа телото ќе започне да стагнира, но тоа не е стагнација, туку многу поефикасна и спора изградба на мускули.

Колку подолго време вежбате толку повеќе се зголемува процентот на мускулна маса што го имате, а со тоа и се забрзува метаболизмот.
Многу истражувања покажуваат дека тренингот рано наутро има најголеми ефекти за телото. Доколку вежбате на празен желудник во утринските часови, можете да согорите до 20% повеќе масти. Телото наутро ги користи мастите како извор на енергија, што ви дава можност полесно да се ослободите од нив.

Кога бирате тренинг, секогаш давајте им предност на тренинзите кои го активираат цело тело. Не ги изолирајте мускулните групи, па еден ден да вежбате нозе, а друг раце и стомак.

За поголема ефикасност и поголема потрошувачка на калории вежбајте го цело тело! Во текот на тренингот правете комплексни вежби кои активираат што е можно повеќе мускулни групи, така ќе трошите многу повеќе и ќе имате подобри резултати. Оброкот после тренинг е најважниот оброк во текот на денот.

Правилото дека за убаво обликувано тело 70% е виновна храната, а само 30% тренингот е точно, затоа започнете да размислувате малку посвесно за тоа како се храните. Тоа што го јадете во текот на целиот ден е многу битно за постигнатите резултати. Бидете внимателни со шеќерите, овошјето и простите јаглехирати. Не мора да броите калории, но бидете свесни за тоа што го јадете.