Јанез Јанша ја заврши изборната кампања
Според анкетите на агенцијата Медијана нарачана за телевизиската станица „ПОП ТВ“, во пресрет на изборите, изедначени се Словенечката демократска партија на Јанша и партијата на Роберт Голоб, Движењето за слобода...

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја заврши изборната кампања во Спортската сала Медводе во Љубљана. Според анкетите на агенцијата Медијана нарачана за телевизиската станица „ПОП ТВ“, во пресрет на изборите, изедначени се Словенечката демократска партија на Јанша и партијата на Роберт Голоб, Движењето за слобода.
Во Словенија в недела, 24-ти април се одржуваат парламентарните избори. Годинава се и претседателските избори, на кои Борут Пахор, актуелниот претседател нема да се кандидира поради двата последователни мандати.
Словенците годинава исто така ќе гласаат и на локалните избори.
