Италија
Забележан раст на бројот на туристи во Венеција
19.04.2022 21:10
Градските власти воведоа и новина за посетителите, за првпат туристите ќе треба да ја најават посетата на историскиот центар на градот...

По повеќе од две години, конечно во Венеција е забележан раст на бројот на туристите.
Речиси 80 насто од хотелите беа резервирани за време на велигденските празници. Градските власти воведоа и новина за посетителите, за првпат туристите ќе треба да ја најават посетата на историскиот центар на градот.
Резервациите се задолжителни и од наредната година ќе се плаќа и одреден надомест за влез во Венеција.
