Култура

Овации за балетот „Госпоѓиците од Авињон“ во Битола

20.04.2022 13:15

Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија.

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола. Ова музичко- сценско дело изведено од Националната опера и балет го задржа вниманието на публиката од првата до последната сцена.

Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија.

Олга Панго, која е кореограф и режисер на претставата, со асистентите Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, ни овозможија неверојатна балетска магија.

Моќната музика за балетот е компонирана од Калиопи Букле.