Шведска

Се повеќе Швеѓани поддржуваат влез во НАТО

20.04.2022 21:21

Шведската Влада ја преиспитува безбедносната политика, а владејачките социјалдемократи дебатираат дали ќе се откажат од долгогодишното спротивставување на членство во Северноатлантската алијанса...

Резултатите од најновата анкета покажуваат дека 57 проценти од Швеѓаните се „за“ членство во НАТО, 21 процент од испитаниците се изјасниле „против“ а 22 отсто одбиле да одговорат.

Шведската Влада ја преиспитува безбедносната политика, а владејачките социјалдемократи дебатираат дали ќе се откажат од долгогодишното спротивставување на членство во Северноатлантската алијанса.

Преиспитувањето на безбедносната политика е поттикнато, исто како и во Финска, по руската инвазија врз Украина.