Свет

Мал авион се урна во Хаити, пет лица загинати

21.04.2022 12:31

Авионот летал кон градот Жакмел, а при обидот да слета удрил во камион кој превезувал сода, соопшти полицијата. Меѓу жртвите е и возачот на камионот.

Пет лица загинаа, а неколкумина се повредени откако мал авион се урна во Порт-о-пренс. Авионот летал кон градот Жакмел, а при обидот да слета удрил во камион кој превезувал сода, соопшти полицијата. Меѓу жртвите е и возачот на камионот.

„Го видов авионот како лета над областа, потоа слушнав бучава. Мислев дека падна врз мојата куќа. Излегов да видам што се случува, сите беа испаничени. Тогаш ги здогледав починатите луѓе“, изјави Жан Феликс Сурин- очевидец.

Националната канцеларија за цивилно воздухопловство на Хаити го идентификуваше авионот како Цесна 207. Пред девет месеци во уривање на мал приватен авион во близина на Порт-о-пренс загинаа шест лица, вклучително двајца американски мисионери.