Лондон

Четири лица избодени до смрт, напаѓачот е уапсен

25.04.2022 13:13

Безживотните тела на три жени и еден маж биле пронајдени во куќа откако полицијата добила дојава за немири во Саутворк...

Лондонската полиција уапси маж осомничен дека со нож избодел четири лица во јужниот дел на градот.

Безживотните тела на три жени и еден маж биле пронајдени во куќа откако полицијата добила дојава за немири во Саутворк.

Се шпекулира дека напаѓачот ги познавал жртвите од претходно.