Мексико
Протести против насилство врз жените
25.04.2022 13:15
Протестите се одржаа во Мексико Сити и вториот по големина град Монтереј, повикувајќи ги официјалните лица да се оправдаат за насилството...

Жените во Мексико на протест против убиствата на жени, кои во последно време зачестија во таа земја.
Протестите се одржаа во Мексико Сити и вториот по големина град Монтереј, повикувајќи ги официјалните лица да се оправдаат за насилството.
Само во државата Нуево Леон од почетокот на годината се убиени најмалку 30 жени. Мексико е земја со најголема стапка на убиства на жени во Латинска Америка.
