Илон Маск го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари
Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, „Твитер“ ќе стане приватна компанија.

„Твитер“ ја прифати понудата на Илон Маск од 44 милијарди долари. Постигнат е дефинитивен купопродажен договор.
Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, „Твитер“ ќе стане приватна компанија.
„Акционерите на Твитер, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долари за секоја акција на Твитер што ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е за 38% повисока од цената на акцијата на 1 април 2022 година“, се вели во соопштението на компанијата.
Милијардерот Илон Маск, сопственик на „Тесла“ и „Спејс Х“ стана сопственик на платформа која ја смета за „јавно дигитално место за дискусија за витална содржина за човештвото“, се вели во соопштението.
„Слободата на говорот е основата на демократијата“, рече Маск.
