Здравје

Зошто е здраво да се јаде сувото грозје?

26.04.2022 10:10

Сувото грозје претставува добар извор на растителни влакна кои ја помагаат дигестијата. Тоа содржи винска киселина – органска киселина која се смета дека има анти-воспалителен ефект, ја подобрува функцијата на цревата и може позитивно да влијае врз здравјето на цревната микрофлора.

Овошјето претставува извонреден извор на разни витамини, минерали, антиоксиданти, фитохемикалии. Денес речиси секое овошје може да се сретне во сушена форма, а како такво, има поголема практичност, преносливост и рок на траење. Кај нас, можеби најкористеното и најчесто среќавано сушено овошје е сувото грозје.

Сушеното грозје може да се добие преку сушење на свежи зрна грозје на сонце или во индустриски услови во специјално дизајнирани машини за отстранување на водата.

Тие исто така содржат одредени количества на витаминот Б6, како и на минералите калиум, магнезиум, железо и натриум.

Лесно воочливо е дека сувото грозје е извор на големо количество шеќери, па затоа неговата употреба треба да е секогаш умерена. Од друга страна, тие се прилично добар извор на растителни влакна, а тоа може да допринесе кон подобрена и олеснета дигестија.

Сувото грозје претставува добар извор на растителни влакна кои ја помагаат дигестијата. Тоа содржи винска киселина – органска киселина која се смета дека има анти-воспалителен ефект, ја подобрува функцијата на цревата и може позитивно да влијае врз здравјето на цревната микрофлора. Се смета дека сувото грозје може да помогне и при евентуално прекумерно излачување на желудочна киселина.Сувото грозје може да помогне и при зајакнување на имунитетот, одржување на здрав вид и кожа, како и може да биде корисно во исхраната кај луѓето кои сакаат и имаат потреба од зголемување на телесната тежина.

Може да се користи директно, а може да се употреби и во низа на рецепти и јадења. Одличен прилог е на разни десерти, рецепти за појадок како и во комбинација со јаткасти плодови. Може да се употреби при подготовка на домашен милиброд, домашни мафини, да се додаде кон сосови од салати, кон домашни житни плочки и кон речиси секој тип на десерт.