Македонија

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“: Ден на македонскиот јазик

03.05.2022 18:05

На 5-ти мај, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи програмската активност „Ден на македонскиот јазик“, посветена на кодификацијата на македонскиот литературен јазик...

На 5 мај 2022 година, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи програмската активност „Ден на македонскиот јазик“, посветена на кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

За историјата на кодификацијата и развојот на нашиот јазик беседа ќе одржи универзитетскиот професор д-р Димитар Пандев, а делови од излагањата на Крсте Петков – Мисирков, Блаже Конески, Крум Тошев, Васил Иљовски, како и поезија од Ацо Шопов, Славко Јаневски и Гане Тодоровски, ќе интерпретира актерката Сања Русеска - Ризеска.

Настанот ќе се одржи во спомен - собата на Миладиновци, со почеток во 12:00 часот.